Вечерва (30 август) во Фоајето на НУ Центар за култура во Битола со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Парчиња живот“ од Бојана Артиновска.
Изложбата е составена од повеќе од 100 мали формати, изработени во различни техники цртеж, акрил на хартија, акрил на платно и масло на платно.
Според ликовниот критичар Владо Ѓорески, секое дело е фрагмент од патот на самооткривање и раст, и преку нивното внимателно поставување во оваа изложба, се рефлектира сложеноста и убавината на обичните моменти кои подсвесно го обликуваат животот.
„Животот, како уметност сам по себе, е составен од различни „парчиња“ кои заедно формираат уникатно и значајно искуство. Оваа изложба е посвета на тие „парчиња од животот“, гледани како уметност“, вели Ѓорески.