Јавното претпријатие Водовод и канализација соопшти дека била извршена кражба на 13 решетки на сливници на улицата „Среќко Пужалка“ и 4 на улицата „Финска“ во населбата Ченто.
Дополнително, оттаму велат дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат, а дека случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Исто така, тие посочија дека дел од решетките на сливниците се заменети, додека другите ќе се заменат во најбрз можен рок.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје, упатува апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период. Ваквиот вандализам негативно се
одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, стои во соопштението на претпријатието.
На 12 јануари од Водовод и канализација соопштија дека биле украдени 10 решетки на истата улица „Среќко Пужалка“, како и 5 решетки на сливници на улицата „Финска“.