Во последниве неколку години, 3Д-принтерите се користат за изградба на сѐ околу нас – од куќи до бизниси, а дури и мостови. Сега, Дубаи ќе ја конструира првата џамија направена со 3Д-принтер во светот.
Структурата ќе биде со капацитет за 600 верници со површина од 2.000 квадратни метри меѓу двата ката, изјавил раководителот на инженерскиот оддел во Владата на Дубаи за исламски прашања и добротворни активности.
Џамијата ќе биде изградена од бетонски микс. Конструкцијата треба да започне да се гради кон крајот на оваа година, а се очекува да се заврши кон крајот на првата четвртина од 2025 година.
„Ние гласавме за 3Д-принтана џамија затоа што е нова и иновативна технологија со потенцијал да заштеди време и ресурси во споредба со традиционалните градежни методи“, изјавил раководителот.
Конструирањето на згради со користење на 3Д-принтер бара големи машини за печатење кои се програмирани со информации за дизајнот. Тие го истиснуваат градежниот материјал од тубата и ја градат структурата во слоеви. Поголемиот дел од структурите направени со 3Д-принтар се направени од бетон, но сепак постои можност да се печати и со користење на други материјали како што е глината.