Хуманитарната организација „Спасете ги децата“ соопшти дека најмалку 10 деца секојдневно ја губат една или двете нозе во Појасот Газа, пренесува Ал Џазира Балканс.
Британската организација посочи дека извештаите на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) покажуваат дека 1.000 деца во Газа изгубиле една или двете нозе од почетокот на израелските напади на 7 октомври.
Во нивното соопштение се додава дека повеќето операции на деца биле извршени без анестезија, а во овој контекст е посочен и недостатокот на медицински персонал и опрема во Појасот Газа.
Во разорната војна од 7 октомври, според властите во Појасот Газа и Обединетите нации, убиени се најмалку 22.835 луѓе, а ранети се 58.416 лица.
Војната доведе до масовно уништување на инфраструктурата и до невидена хуманитарна катастрофа.