Европската Унија ќе добие уште 50 милиони вакцини против Ковид-19 на компанијата „Фајзер“ до крајот на јуни, најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и посочи дека е надминат прагот од 100 милиони администрирани дози досега, пренесува „Данас“.
„Ние сме во трка со времето. Колку побрзо ја достигнеме целта од 70 отсто вакцинирани возрасни лица во ЕУ, толку се поголеми шансите да го сузбиеме вирусот“, додаде таа.
Според неа, досега се испорачани над 126 милиони дози на вакцини од земјите-членки.
„И добрата вест е дека вакцинацијата се забрзува низ цела Европа. И горда сум што можам да кажам дека го надминавме прагот од 100 милиони вакцинации во ЕУ. Тоа е пресвртна точка со која можеме да се гордееме“, рече Урсула фон дер Лајен.