Замислете свет каде домовите би биле градени според потребите на станарите наместо профитот на градежните фирми, место каде земјата е дадена на оној кој има најдобар долгорочен план, а не на најдобриот понудувач, пишува Гардијан.
На ваков начин е дизајнирано и изгадено маалото „Marmalade Lane“, кое се наоѓа на северниот дел на градот Кембриџ, Велика Британија. На местата каде вообичаено би се нашле паркирани автомобили, овде е оставен празен простор исполнет со пешачки и велосипедски патеки, слободни зони каде децата можат да играат во секој момент без никакви грижи. Наместо загадени и опасни области, ова маало ги претставува улиците како безбедно место за нивните игри.
Областа има четириесет и две куќи и во современите урбанистички планови е своевидна инфраструктурна оаза. Домовите се приватна сопственост на луѓето, но надворешниот дел е заеднички поделен помеѓу нив. Тој се состои од заедничка градина која се користи за одмор и одгледување овошје и зеленчук, место за најмладите, како и заеднички перални, места за јадење и бројни други активности кои жителите на куќите заеднички ги исполнуваат.
Целта е градење на безбедна зона за сите, луѓето да сорабуваат и развиваат соживот со своите соседи, а не постојано да се алијанираат градејќи високи огради и затворајќи се во своите домови. Идејата и реализацијата се дело на британските градежни фирми TOWN. и Trivselhus.