За новата студиска година на Економскиот факултет која почнува со работа во Кочани како дел од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ има 690 слободни места, пренесува МИА.
Студиите опфаќаат пет различни програми. Најмногу слободни места за упис (90) се резервирани за банкарство, финансиии и осигурување и менаџмент и претприемништво. Останатите како здравствен менаџмент, финансии и ревизија и финансиски менаџмент, имаат по 60 слободни места.
„Речиси половината од вкупниот број редовни студии се во државната квота, а уште 150 во истата квота се со кофинансирање од по 400 евра годишно. Исто толкава сума ќе плаќаат и оние што ќе се запишат вонредно каде се планирани 180 слободни места“, вели доц. д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска од Економскиот факултет во Кочани.
Прв пат годинава дисперзирани студии во Кочани ќе има и Техничко-технолошкиот факултет, отсек текстилно инженерство, каде има 40 слободни места. Запишувањето на овие студии ќе се одржи во четврток и петок.