Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица вечер, во рамки на „Бела ноќ“ ќе биде отворена изложба „Во кој свет живееме“ на уметницата Јасминка Новковска.
Изложбата претставува психолошко и психијатриско истражување и ќе претстави стотина дела поделени во неколку циклуси.
Новковска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1998 година, а во 2003 година магистрира на Националната художествена академија во Софија. Имала самостојни претставувања iдобитник е на неколку награди и признанијa, воедно членува во ДЛУМ.