Мигрантите од Западна Африка се купуваат и продаваат на отворено, на современите пазари на робови во Либија, сведочат преживеаните жртви за агенција на ОН која им помогнала да се вратат дома.
Криумчарените луѓе кои поминуваат низ Либија, претходно пријавуваа насилство, уценување и робовски труд. Но, новите сведоштва пријавени во Интернационалната Организација за Миграција, трговијата со човечки битија станала толку нормална, што луѓето се тргуваат во јавност.
„Последните јавувања за „робовски пазари“ за мигранти може да се додадат на долгата листа на неправди во Либија“, вели Мохамед Абдикер, директор за операции и итни случаи на ИОМ. „Состојбата е очајна. Колку повеќе ИОМ се вклучува во Либија, толку повеќе учиме дека е вел од солзи за премногу мигранти“.
Северноафриканската нација е позната точка за излез за бегалците од Африка кои се обидуваат да се качат на брод за Европа. Но, откако беше симнат од власт автократскиот лидер Муамар Гадафи, огромната и ретко населена држава западна во насилен хаос, а мигрантите со малку пари и вообичаено без документи се најранливи.
Еден 34-годишен преживеан од Сенегал вели дека бил однесен на правлив плац во јужниот либиски град Саба, откако ја преминал пустината од Нигер во автобус, организиран од криумчари со бело робје. Групата платила да биде однесена до крајбрежјето, каде планирале да ризикуваат и со брод да стигнат до Европа, но нивниот возач кажал дека ќе ги предаде на трговци и ќе ги остави патниците на продажба.
„Мажите во пикапот беа однесени на плоштад или паркинг, каде се случуваше еден вид на продажба на робови. Имаше локалци, тој ги опиша како Арапи, кои купуваа мигранти дојдени јужно од Сахара“, вели Ливија Мананте, директорка на ИОМ во Нигер, која им помага на луѓето кои сакаат да се вратат дома.
Таа го интервјуирала преживеаниот, откако тој побегнал од Либија на почетокот на месецов. Вели дека пазарите на робови се потврдени од други мигранти со кои зборувала во НИгер и некои кои биле интервјуирани од нејзините колеги во Европа.
„Уште неколку други мигранти ја потврдија неговата приказна, независно опишувајќи ги видовите на пазари на робови, како и некој вид на приватни затвори низ целата Либија“, вели Маненте.
„ИОМ Италија потврди дека оваа приказна е слична на многу други пријавени од мигрантите и собрани на различни места на пристигнување во Италија. Меѓу нив, има и пријави за постоење на пазари за робови. Тоа ни дава повеќе докази дека ваквите приказни се вистински“, заклучува таа.