Уметникот Доминик Вилкокс минатиот петок во Лондон ја отвори првата уметничка изложба за кучиња, именувана „Играј повеќе“ (Play More).
Изложбата била отворена само два дена минатата недела, а се состоела од интерактивни инсталации кои им помогнале на кучињата да се „стимулираат и физички и ментално“.
Од базен со топчиња со облик на сад за храна за кучиња, до симулатор на возење во автомобил со отворен прозорец и екран со фризби кое непрестано лета, на изложбата имало повеќе интерактивни „станици за забава“ за миленичињата.
Освен тоа, изложбата се состоела и од слики со бои од спектарот кој е видлив за кучињата, закачени на нивно визуелно ниво.