Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Три генерации Ташковски“.
Како што инфорираат организаторите, на изложбата ќе бидат презентирани делата на Ристо Ристовски, академик Васко Ташковски и Лара Ташковска.
Поздравен говор на отворањето ќе има претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а изложбата ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам.