„Не е ниту сон“ е новата изложба на слики од уметникот Владимир Илиевски што вечерва ќе биде отворена во Младинскиот културен центар.
„Излегов да прошетам по новата планета која ја открив. Онаа на која никогаш не ни бев. Се напив од синото искривено шише вино кое стоеше позади задната нога на белиот коњ. Чудно е, бидејќи белиот коњ не беше отсекогаш бел. Претходно беше кафеав. А сега пред главата имаше нешто сино. Што е тоа синото? Камо да знаев. Над него, како и обично, имаше клавијатура која се протегаше од мене до црвените дрвја што личеа на шеќерна волна направена од облак измешан со шлаг за торта. Никогаш не сфатив зошто таа рака го притискаше дрвото толку силно. Не можеше ли да чуе со увото кое не се ни гледа. Прекрасна ноќ како и секоја друга, силно затемнета од светлината на месечината. Таа гледаше сѐ. Фрли еден зрак темнина и на моето рамо онаму каде што стоеше пеперутката. Токму тогаш јас не постоев. Очите на тилот ми беа само за да ја видам пеперутката. Но не ја видов. Се претвори во гасеница. Сето ова беше толку обично и досадно“, пишува Илиевски во описот за вечерашната изложба.
Изложбата ќе биде отворена во 20:00 часот.
Владимир Илиевски досега учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р.Бугарија, Р. Србија. Тој е добитник е на 7 национални награди.