Во Небрегово промоција на книгата „Конески е бесмртен“

Денеска во спомен-домот на „Блаже Конески“ во Небрегово ќе биде промовирана книгата „Конески е бесмртен“.

Промоцијата е во организација на Културниот и едукативен центар „Небрегово“.

По промоцијата на книгата, ќе биде доделена наградата „Зборот на Конески“.