Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 29 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 9 случаи во Скопје, 5 во Кичево, по 4 во Куманово и Тетово, по 2 во Прилеп и Охрид и по 1 случај е регистриран во Штип и Струмица.
Од МЗ истакнаа дека во последните 24 часа не се регистрирани починати лица од Ковид-19
Регистрирани се 34 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово – по 3, Битола – 2 и по 1 од Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.887 тестови.