Утре (21 јуни) почнува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, годинава на тема „Во постојан отпор“.
Јавната програма започнува со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот Конкордија во Монтреал Канада. Во рамки на програмата тој за пријавените учесници го одржа семинарот „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“. Во рамки на резиденцијалната програма се одржа семинар со Синтија Мичел од Канада на тема „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“. А од 16 до 24 јуни се одржува работилницата „Мапирање на занаетите во Скопје“ со уметникот Билал Јилмаз од Турција и кураторката Лидија Хаѕиоану од Грција.
Утрешното предавање на Нејтан Браун е насловено „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, и ќе се одржи во Чифте амам, со почеток од 20 часот.
Во своите истражувања тој ги опфаќа хуманистичките и епистемолошките области: поезија и поетика, модерна и современа филозофија, книжевност на 20 и 21 век, марксистичка теорија, наука и студии на технологијата. Творештвото на Браун се фокусира на современата уметничка и филмска теорија. Неговото исражување се темели врз материјалистичкиот пристап кон уметноста, филозофијата и политиката.
„Седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во својот фокус има широк спектар на формати низ кои ќе се обидеме да ги артикулираме темата и потребата која сметаме дека ни е приоритена особено во овие времиња кога натежнуваат многу од основните прашања забележани како придобивка на современите цивилизациски придобивки: демократија, солидарност, создавање заедници. Овогодинешниот КРИК 07 го насловивме „Во постојан отпор“ истражувајќи ги и промислувајќи ги критичките и автономните стратегии на отпор, низ лепеза на уметнички, мисловни, разговорни, теориски формати. Стратегиите на заеднички и индивидуален отпор ни се чинат исклучително важни како начин на живеење во времињата кои непрекинато ни приредуваат нови предизвици. Со пандемијата навлеговме во нова војна и продлабочување на економската, општествена и политичка криза во која мораме повторно да ја пронајдеме патеката низ која достоинствено и со интегритет ќе се движиме понатаму, индивидуално и колективно“, велат програмските уредници Искра Гешоска и Артан Садику.
Во продолжение погледнете ја целосната програма на КРИК 07:
ПРОГРАМА
јуни – јули
Резиденцијална програма
8 -10.06.2022, КСП Центар – Јадро
18:30 – 20:30 Семнар со Нејтан Браун „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“
—
15.06.2022, среда, Музеј на современата уметност
18:00-20:00 Семинар со Синтија Мичел „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“
—
16 – 24.06.2022, Чифте Амам и Скопје
„Мапирање на занаетите во Скопје„ – Работилница со уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану
Јавна програма
21.06. 2022, вторник, Чифте Амам
20:00 – 21:00 Нејтан Браун – „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, предавање
—
23.06. 2022, четврток, Сули Ан, атриум на Факултет за ликовни уметности
20:00 – 22:00 „Гозба или За љубовта” – концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што критичкото мислење за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото се стимулира со храна и пијалак.
Учествуваат: Славчо Димитров, Никола Маџиров, Ивана Хаџиевска, Милица Пекиќ, Владимир Јанковски, Петар Милат и Елизабета Шелева. Кормилар: Артан Садику
„Гозбата“ ќе биде придружена и со снимени видео матеројали на дијалози за демократијата, од Србија, Косово и Северна Македонија.
[ „Гозба“ е дел од проектот „Изведување демократија“ које партнерски проект со Киоск (Србија) и Докуфест (Косово)]
—
24.06. 2022, петок, Даут Пашин Амам
20:00 „Сенката на Бодлер” – промоција на двотомното издание на преводот од француски на англиски на „Цвеќињата на злото“ од Шарл Бодлер, од Нејтан Браун и пропратното изднаие на анализата преведувачот, во разговор со Петар Милат. Книгата е заедничко издание на Мултимедијалниот институт од Загреб и на Контрапункт – Скопје.
—
- 06. 2022, четврток, КСП Центар – Јадро
20:00 „Сенката на занаетите – Скопје” – инсталација со светло-сенка-звук на Билал Јилмаз од материјалите собрани преку истражувачкиот процес на мапирање на занаети заедно со Лидија Хаѕиоану.
—
- 07, петок, Музеј на современа уметност Скопје
19:00 Презентирање на лејбели од Бугарија Amek Collective & Kontingent Records со Ангел Симитчев, Мартин Луканов, Иван Шентов во разговор со Станимир Панајотов и Ивана Драгшиќ
21:00 Live set Shentov, Simitchiev, Lukanov
Најава на програмата за месеците септември и октомври:
Изложба и промоција на книга на Дубравка Угрешиќ, рагворор со Сезгин Бојник, промоција на книга на Артан Садику, изложба и разговор на Шејла Камериќ, во соработка со Тииит!Инк., промоција на книга на Александер Гарсија Дутмман, перформанс и разговор со Феликс Фалцук и Јохана Хершел.
КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси.
Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Петар Милат, Јана Коцевска, Тијана Ана, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ.