Саемот за роботика „РобоМАК 2013“, кој по четврти пат се одржува во Домот на АРМ во Скопје, завршува во сабота (16 декември), со прогласување на победниците и презентација на роботите кои се натпреваруваа во неколку категории.
На саемот учествуваат околу 80 домашни и 30 странски учесници, кои по петдневна обука ги одмеруваат силите на своите роботи. Целта на „РобоМАК 2013“ е популаризација на роботиката меѓу македонските и европските студенти и средношколци.
Од 12:00 до 15:00 на платото пред Домот на АРМ со свои штандови ќе се претстави и Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии на кои ќе ги претстави своите студиски програми и начините на студирање на факултетот.
Финалето ќе се одржи во сабота во 17:00 часот. Влезот е слободен.