Во американската сојузна држава Тенеси се родија близнаци од ембриони што биле чувани замрзнати повеќе од 30 години.
Се верува дека ова е нов рекорд за најдолго сочувани замрзнати ембриони што дале успешен резултат, јавува „Би-Би-Си“.
Ембрионите биле чувани на минус 128 степени целзиусови во течен азот од 1992 година.
„Имав пет години кога Бог им даде живот на Лидија и Тимоти, и оттогаш тој ги чуваше нивните животи. Всушност тие се нашите најстари деца, иако се нашите најмлади деца. Тука има нешто нереално“ изјавил Филип Риџвеј, зачнувачот на ембрионите од кои се родија близнаците. Нив ги роди неговата сопруга, Рејчел Риџвеј.
Ембрионите од моментот на донирањето во 1992 година до 2007 година биле чувани во складиште во лабораторија за плодност во западна Америка. Подоцна биле донирани во Националниот центар за донирање на ембриони, приватна организација што досега помогнала во процесот да се роадт 1.200 нови деца од донирани ембриони.
Претходниот рекорд го имаше Моли Гибсон што се роди во 2020 година од ембрион замрзнат 27 години.