На патиштата во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, започнаа да се користат автобуси без возачи кои ги произведе компанијата Хјундаи.
Проектот е дел од експеримент со кој инженерите сакаат да помогнат луѓето да се чувствуваат удобно со автономни возила на улиците.
Како што пренесуваат локалните медиуми овие автономни автобуси започнале да сообраќаат во квартот Јонгно-гу. Засега автобусите возат на релација помеѓу трговскиот центар Севун и плоштадот Чеонгје, дистанца долга околу три километри, но во иднина се планира зголемување на нивниот круг на движење.
Новите возила изгледаат многу поразлично од обичните автобиси. Имаат големи прозорци кои придонесуваат тие повеќе да изгледаат како играчка, наместо како технолошка иновација.
Автобусите можат да возат со помош на камери и радар. Граѓаните можат бесплатно да ги користат откако ќе резервираат место преку мобилна апликација.
Целта на Хјундаи е во иднина оваа технологија да биде евтина, безбедна и лесно пренослива на повеќе видови возила во иднина, како на пример на камионите за достава на стока.