Шведска започнува да ја тестира ефикасноста на шест часовниот работен ден, со надеж дека тоа ќе ја зголеми продуктивноста на трудот и ќе заштеди пари, пренесува порталот Бизнис вести.
Порталот се повикува на изјавата на градоначалникот на вториот најголем град во земјата Гетеборг, Матс Пилхелм дадена за шведскиот медиум TheLocal.se, кој вели дека е крајно време да се даде шанса на ваквиот начин на работење и дека градското собрание ќе користи двe различни одделенија – тест група и контролна група.
Вработените од првиот оддел ќе работат по 6 часа на ден, додека нивните колеги од другиот оддел ќе работат по 7 часа, што е стандардното работно време во земјата. Сите работници ќе добијат подеднакво награда за својот труд.По одредени временски периоди двете групи ќе бидат споредени.
“Се надеваме дека вработените на шест часовниот работен ден ќе земаат помалку боледување, ќе се чувствуваат подобро ментално и физички”, вели Пилхелм.
Тој се надева дека овој потег ќе создаде повеќе работни места во земјата. Според него проблемите во некои сектори не се должат на недостаток на персонал, туку на неефикасна работа за време на долгиот работен ден.
Извор: Бизнис вести, TheLocal.se