Рано наутро во сабота (18 мај) е најавено прскање со авион против комарци, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„ЦУК информира дека Град Скопје известил дека авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Градот Скопје, ќе се реализира на 18.05.2024 година (сабота), во раните утрински часови. Ако временските услови се неповолни за реализирање на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни“, велат од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК апелираа пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.