Студенти преку иницијативата „Студентски пленум“ за утре, недела 23 март, најавуваат мирен собир кој ќе се одржи во 16:30 часот во Градскиот парк во Скопје.
„Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се вели во најавата на собирот објавен преку „Студентски пленум“.
Собирот е закажан за тревникот после споменикот на Гоце Делчев, а во 16:59 часот ќе се одржи 60-минутем молк.
„Поради овој трул систем кој се темели на профитерство и корупција загинаа 60 луѓе. Да бидеме заедно и да останеме сплотени. Од народот, за народот – затоа што само ние си остануваме едни на други“, стои во најавата.
View this post on Instagram