Во Парламентот денес ќе се основа и промовира Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.
Активистката на Коалицијата Маргини, Драгана Дрндаревска ќе ја презентира Процената на знаењата, ставовите, потребите и практиките на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ-луѓето и заштитата од дискриминација.
Како што информираат од Собранието, покрај пратениците, на средбата се поканети претставници на амбасадите и невладиниот сектор.
Иницијатори на идејата за Интерпартиската парламентарна група се пратениците Маја Морачанин, Павле Богоевски, Бранко Маноиловски, Лилјана Поповска, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Јулиана Николова, Петар Атанасов, Никица Корубин, Соња Мираковска, Јагода Шахпаска, Александар Кирацовски и Славица Шуманска-Митева.