Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај.
Па така, сега се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување на седум избирачки места, односно шест во петтата изборна единица – на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во изборната единица 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.
Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај.
Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, до 00:00 часот.