Во Струга потпишан Меморандум за мир и толеранција во училиштатa во предизборието

На иницијатива на директорите на сите 16 училишта во Струга, а поддржани од Општинa Струга, Младински Образовен Форум, Форум ЗФД ТЦМЦ, денеска (26 февруари) беше потпишан меморандум за заедничко делување, со кој се испраќа  апел до сите релевантни институции како: општината, граѓанскиот сектор, медиумите, полицијата и политичките партии.

Во исто време се повикуваат сите да вложат напори и да преземат превентивни мерки со кои ќе ја зајакнат свеста меѓу младите за можноста да бидат злоупотребени за време на предизборната кампања. Истовремено се повикуваат сите граѓани да се воздржат од какво било насилство и со сите сили да придонесат во негување на мирот и толеранцијата и подобрувањето на меѓуетничките односи во Струга.

“Во исто време, потенцираме дека ќе ги вложиме сите наши капацитети да обезбедиме активности со кои општината, училиштата и граѓанските организации ќе ја унапредуваат позицијата на младите во локалните заедници и решенија со кои младите ќе се вклучат носењето одлуки за важни младински прашања на локално ниво. Младите денес не треба да бидат перцепирани нуту како проблем, ниту како декларативна иднина на државата, туку пред се како партнер во општествените процеси. На овој начин, младите ќе дефинираат своја општествена агенда и ризикот за нивна злоупотреба ќе биде помал“- се вели во изјавата на претставниците на организациите Бранкица Затаракоска, Кирстен Шонефелд и Алберт Хани.

Во продолжение, ја пренесуваме изјавата за медиумите:

ТОЛЕРАНЦИЈА И МИР ВО УЧИЛИШТАТА

Денеска, на ден 26.02.13 во 12 часот, на иницијатива на директорите на сите 16 училишта во Општина Струга, а поддржани од Општина Струга, Младински Образовен Форум, Форум ЗФД, ТЦМЦ се потпиша меморандум за заедничко делување како и заедничка изјава, со која се прати апел до сите релевантни институции како: општината, граѓанскиот сектор, медиумите, полицијата и политичките партии во кој ги повикуваат сите тие да вложат напори и да превземат превнтивни мерки со кои ќе ја зајакнат свеста меѓу младите за можноста да бидат злоупотребени за време на предизборната кампања. Истовремено ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од било какво насилство и со сите сили да придонесат во негување на мирот и толеранцијата и подобрувањето на меѓуетничките односи во Струга.

TOLERANCË DHE QETËSI NË SHKOLLA.

Sot, më 26.02.13 në orën 12:00, me inicijativë të drejtorëve të 16 shkollave të Komunës së Strugës, mbështetur nga Komuna e Strugës, Forumi Rinor për Arsimim, Forum ZFD dhe TCMC u nënshkruam memorandum për punë të përbashkët si dhe deklaratë, me të cilën e dërgua apel deri tek të gjitha institucionet relevante, siç janë: komuna, qytetarët, mediat, policija, partitë politike e në të cilin janë të ftuar të japin kontribut dhe të marrin masa preventive me të cilat do të ngrejnë vetëdijen tek të rinjtë që të mos manipulohen gjatë kampanjave zgjedhore. Njëkohësisht, i ftojmë të gjithë qytetarët ti largohen çfarë do lloj dhune, e me gjithë forcat të kontribuojnë për paqe dhe tolerancë dhe përmirësimin e marrëdhënieve ndëretnike në Strugë

Në vijim po ju bashakgjesim deklaratën e përbashkët