Во тек е аплицирањето за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16.9.2022 година, информираат денес од Министерството за образование и наука (МОН).
Во соопштението од МОН стои дека потребните документи за бруцошите се наведени во објавениот конкурс и истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата.
Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30 септември на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на Министерството за образование и наука.