Во тек е пријавувањето за градската вело трка во Битола

Последната недела од август (29.08.2021) во Битола е резервирана за вело трка, каде примарна цел е поттикнување на спортскиот дух на младите, како и унапредување на велосипедизмот во градот.

Организатор на трката е невладината организација ДОГМА, каде младите над 14 години би се натпреварувале, а со котизација од 10 евра, можат да добијат 200 евра. Оttаму известуваат дека трката е поделена на машка (20 км) и женска (15 км) трка.

Почетокот, како и самиот настан е предвиден да се случи на плоштадот Магнолија, а таму ќе има и музичка програма, освежувачки напитоци за учесниците како и чип кој ќе го мери времето во текот на трката.

Секој учесник може да се пријави на платформата „Smartrace.club”.

ДОГМА е организација која се залага за подигнување на културната свест пред се’ кај младите луѓе, организирајќи настани чија цел е обезбедување опстанок на културата, уметноста и креативноста.