Од синоќа во Тетово има нов центар кој ќе служи на заедницата како простор за спроведување разни активности и работилници.
Граѓаните ќе можат да предлагаат и да спроведуваат сопствени проекти, идеи и да учествуваат во други.
„Сакаме да создадеме отворен и експериментален простор каде луѓето се среќаваат, создаваат, учат и градат нешто заедно“, велат од Центарот за балканската соработка -Лоја.
Нема ограничување во областа на активностите, односно граѓаните може да работат на изложби, уметнички инсталации и проекти, да го користат просторот како музичко студио, библиотека…
„Овој центар е алтернативно и мултифункционално место, отворено за секој што сака да ја развива креативноста и страста“, велат од Лоја.
Новиот центар е иницијатива на младите во Тетово, кои сакаат да им дадат шанса на луѓето да бидат вклучени и да придонесуваат во културниот живот на нивниот град.