Во Турција пронајдена амфора стара околу 1.700 години

За време на археолошки истражувања на тврдината Дијарбакир во Турција, која во 2015 година беше вклучена во листата на светско културно наследство на УНЕСКО, пронајдена е амфора стара околу 1.700 години.

Како што пренесува Анадолија, во тек се истражувања на просторот на тврдината во Сур, која е колевка на повеќе цивилизации, а истражувањата се вршат под надзор на стручни лица од Научната комисија при Министерството за култура и туризам и градот Дијарбекир.

Истражувањата се спроведуваат веќе две години и досега се завршени две фази, а останатите се во тек.

Покрај амфората, која не е многу вообичаена за тоа подрачје, пронајдени се и други предмети.