Советот на Општина Велес донесе одлука утрешниот ден (18 октомври) да биде прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Велес.
Од општината информираа дека знамињата ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре се одложуваат, а угостителските објекти кои се на територијата на општината ќе емитуваат сериозна музика.
Сообраќајната несреќа се случи вчера попладне, кога патничко комбе се преврти на автопатот пред тунелот кај Катланово, по што загинаа три лица, а пет се повредени.