Во Виена, поради промената на климатските услови, односно повеќето топли денови, ќе бидат засадени 19 нови видови дрвја кои се поотпорни на топлина, соопштија градските власти.
Во текот на летото почесто се полеваат градските дрвја во градот. Младите дрвца кои не се полеваат со помош на автоматскиот систем, добиваат вода еднаш неделно и се премачкуваат со бела облога за да се заштитат од големите горештини.
Во Виена се применува и релативно нов систем, односно принцип на сунѓереста структура на уличните површини.
Почвата под пешачките патеки, паркинзите или улиците е порозна, дрвјата добиваат повеќе простор за ширење на корените и можат да апсорбираат повеќе вода, а дополнителен ефект е создавање простор за задржување на дождовницата, што го олеснува канализациониот систем и ги обезбедува дрвјата со вода за време на сушни периоди.