Во вулкански кратер пронајдена нова „моаи“ скулптура, препознатлива за Велигденските острови

Нова „моаи“ склуптура, една од препознатливите монолитните скулптури за Велигденските острови, е пронајдена на дното на пресушено езеро во вулкански кратер, пренесува „Гардијан“.

Новата скулптура била пронајдена на 21 февруари од тим на научни волонтери од три чилеански универзитети, кои соработувале на проект за реставрација на мочуриштето во кратерот на вулканот Рано Рараку.

„Скулптурата има огромен потенцијал за научни студии – навистина претставува уникатен пронајдок, а ова е прв пат ‘моаи’ скулптура да е пронајдена во внатрешност на езеро во вулкански кратер“, изјавиле од домородната заедница Мау Хенуа.

Оттаму додаваат дека скулптурата се наоѓала во средина на езеро кое започнало да пресушува во 2018 година.

Пронајдената статуа
Фото: Гардијан

„Интересен факт е дека езерото било длабоко три метри и исполнето со вода минимум 300 години, па се отфрла можноста дека скулптурата била поставена таму од страна на луѓе“, додаваат од заедницата.

„Моаи“ скулптурите се специфични монолитни фигури изрезбани во камен, со долгнавести лица.

Новопронајдената скулптура е долга 1.60 метри и при пронаоѓањето со лицето гледала накај небото.

Засега, нема планови за преместување на скулптурата.