Joe Strummer, покојниот пејач на британскиот бенд The Clash, позната по песните „London Calling”, “Should I Stay Or Should I Go”, “Rock The Casbah” и “White Riot” ќе добие споменик во хрватскиот главен град Загреб. Споменикот ќе биде поставен во дворот на клубот Beertija, каде се планира поставување и на други статуи, со тенденција да се создаде „парк на рокенролот“. Ова доаѓа по одлуката на градскиот одбор на Загреб да се именува улица по легендарниот српски рокер Милан Младеновиќ, што претставува признавање на вредноста и влијанието на рок-културата.
Споменикот на Joe Strummer ќе биде свечено откриен вечерва (27 септември), а иницијативата ја покренаа сопствениците на клубот и асоцијацијата „Творница културе“. Автор на скулптурата е академскиот скулптор Марин Мариниќ, кој вели дека ова е неговиот долг кон младоста, затоа што бил панкер во времето на The Clash.
„Уживам во сето ова затоа што целиот живот се борев за ваква шанса. Позата и облеката ја направив по сеќавање, затоа што не сакав да гледам слики, додека портретот го работев според фотографии“, вели Мариниќ.
Поставувањето на споменикот е светски раритет, а тоа се поклопува со реиздавањето на албумите на The Clash во Хрватска, кои исто така ќе бидат претставени вечерва.