Власта во Замбија ја укина смртната казна и законот кој им забранува на граѓаните да го клеветат претседателот на земјата, пренесува Ал Џазира Балканс.
Ова беа двете ветувања на претседателот Хакаинда Хичилема, кој беше избран минатата година откако неколку децении беше во опозиција.
Хичилема потпиша декрет за укинување на законите од колонијалната ера, што предизвика позитивни реакции кај невладините организации и активистите за човекови права.
Претседателот го одобри новиот кривичен закон со кој се укинуваат смртната казна и кривичното дело клевета на претседателот, соопшти претседателството, додавајќи дека овие стари закони биле на сила пред независноста на Замбија од Велика Британија.
Како британски протекторат, тогаш Северна Родезија стекна независност во 1964 година и го промени своето име во Замбија.