По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња, информираше Град Скопје.
Директорот на Зоолошката градина Кристијан Стаменов посочи дека лавчињата се стари само неколку дена.
„Посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна Стаменов.
Од Град Скопје најавија дека во идниот период граѓаните ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.