Voca People го наполнија Охрид со музичка енергија

На 54-тото издание на Охридско лето, синоќа на сцената на Античкиот театар се претстави ансамблот Voca People, исклучителен интернационален вокално-театарски перформанс кој ги комбинира акапелата и модерниот битбокс со кои имитираат звуци на цел оркестар.

IMG_5609

Присутните во Антички театар имаа несекојдневна можност да го проследат нивното шоу кое вклучуваше теми како „Историја на музиката во 5 минути“, „Музика од филмови“, „Вљубени момчиња“, „Жени во лов“ како и трибјут на бендот Queen, но и сплет за градот Њујорк.

Приказната започна со претставување на екипажот на вселенскиот брод „Вока“ кој се урнал на планетата Земја, а нивната мисија е да го наполнат својот вселенски брод со музичка енергија и да заминат дома, на својата планета. Нивните час и половина беа исполнети со хумор, добра музика, одлични вокални способности и интеракција со публиката. Чекор по чекор, го наполнија својот вселенски брод и заминаа од сцената оставајќи ја публиката гладна за повеќе уживање во одличната комбинација на акапела и битбокс со добро селектирана музичка листа.

Нивниот продуцент Лиор Калфо во интервјуто за Радио МОФ ја раскажа целата приказна што се крие зад израелскиот музички состав.

За  изведбата во Охрид , погледнете ја галеријата што синоќа ја направи нашата екипа:

Voca People го наполнија со музичка енергија Античкиот театар во Охрид

IMG_5613

IMG_5688

IMG_5689

IMG_5691

IMG_5696

Петар Антевски

Сања Стефановиќ