Војо Цветановски од „Театроск“ е прогласен за уметнички амбасадор во Црна Гора

Војо Цветановски од здружението на граѓани „Театроск“ е уметнички амбасадор на овогодинешниот уличен уметнички фестивал ИНАРТ во Тиват, Црна Гора.

Цветановски е дипломиран пантомимичар и театарски режисер. Тој има богато искуство со уличниот театар. Учествувал на реномирани улични уметнички фестивали, но и самиот организирал неколку во нашата земја.

Здружението е добитник на бројни награди, меѓу кои и првото место на натпреварот за живи статуи на фестивалот Зигет во 2018 година.

[Галерија] Баскери и живи статуи на плоштадот во Скопје

 

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.