Четири демократски активисти биле погубени од војската во Мјанмар во потег за кој се верува дека е прв случај на користење на смртната казна со децении.
Погубени се поранешниот пратеник Пјо Зеја Та и писателите и активисти Ко Џими, Хла Мјо Анг и Анг Тура Зау беа осудени за извршување на „терористички дејствија“, пренесе Би-Би-Си.
Погубувањата, кои првично беа најавени од војската во јуни, предизвикаа меѓународна осуда.
Воената хунта дојде на власт во Мјанмар во 2021 година, откако изврши пуч врз демократски избраната влада предводена од Анг Сан Су Чи. Ова преземање на власт предизвика масовни протести во земјата кои беа придушени од армијата.
Националната заедничка влада на Мјанмар, која е формирана од поранешната опозиција на пучот, ги осуди убиствата додавајќи дека се „екстремно шокирани и тажни“. Тие ја повикаа меѓународната заедница да ја казни воената хунта за нивната суровост и погубувањата.
Државниот медиум соопшти дека четири мажи биле убиени бидејќи „давале директиви, правеле договори и спроведувале заговор за брутални и нехумани терористички акти“. Од медиумот сепак не информираа кога и како биле погубени овие лица.
Овие погубувања се први по 1988 година според Обединетите Нации. Претходно во Мјанмар смртните казни беа вршени со бесење.