Волонтери ја создадоа информативната веб-страница supportkocani.com со цел да се олесни пристапот за директни донации до семејствата на повредените во Кочани, а која содржи податоци за индивидуални сметки на повредените.
Идејата за веб-страницата беше најавена вчеравечер на Инстаграм, а кратко потоа беше и пуштена во употреба. Објавата речиси веднаш стана вирална.
View this post on Instagram
На веб-страницата се достапни податоци за повредените, каде тие се лекуваат, нивната трансакциска сметка и банката на сметката. При донација, на веб-страницата се истакнува да се користи шифрата 562 која е уплата за донации. По донацијата, граѓаните се повикуваат да испратат принтскрин со името на лицето и износот преку Вибер на 078 301 041.

Мапа каде се наоѓаат пациентите
„Собраните средства за секое лице ќе бидат објавени, за помошта да оди таму каде што е најпотребна. Податоците за износот на донациите објавени за секоја сметка се само врз основа на информациите што ни биле испратени од донаторите. Ние не можеме да гарантираме дека прикажаните суми се 100% точни, бидејќи немаме целосен увид во сите уплати“, се објаснува на веб-страницата.
Во моментов, донации од странство се возможни само за лицата за кои има достапен IBAN и SWIFT код.
View this post on Instagram