Карина е волонтерка од Австрија, која во Скопје треба да остане речиси осум месеци. Нејзе и остануваат уште четири месеци од престојот, па сака да го искористи своето слободно време учејќи други луѓе да зборуваат германски јазик.
Часовите се бесплатни за сите што се заинтересирани да научат германски од почеток, од изговорот на азбуката и некои основни фрази.
„Часовите ќе се одржуваат секоја недела така што ќе можете да го подобрите вашиот германски чекор по чекор, постепено. Не сте обврзани да понесете со себе нешто освен вашата љубопитност и можеби некој тефтер да фаќате прибелешки“, вели Карина во својот повик на Фејсбук.
Обуките ќе се одржуваат во просториите на Волонтерски Центар Скопје (ул.Емил Зола3/2-3 – Кисела Вода). Оние што се заинтересирани треба да испратат мејл за потврда на vcs_contact@yahoo.com.