„Волонтирај!“ – настан за промовирање на духот на волонтерството и позитивно влијание врз заедницата

Волонтерскиот центар Скопје (ВЦС) во вторник (27 јуни) од 11:30 до 14:30 часот го организира настанот „Волонтирај!“ посветен на промовирање на духот на волонтерството и позитивното влијание врз заедницата.

На настанот се најавени музички групи, игри, меѓукулутрна размена и волонтерски излет. Од ВЦС велат дека со мноштво можности за учење, активности и забава, настанот има за цел да ги инспирира поединците да ја прифатат радоста на волонтерството.

„Без разлика дали сте заинтересирани за прашања поврзани со животната средина, ги поддржувате помалку среќните или се залагате за социјални промени – ‘Волонтирај!’ ќе ви понуди и обезбеди корисни информации и контакти како да направите значајна разлика. Упатуваме топла покана до сите, без оглед дали се работи за сегашен или поранешен волонтер или, пак, љубопитен поединец за присуство на овој извонреден настан“, се посочува во најавата за настанот.