„Македонското знаме на месечината“, „Метро во центарот на Скопје“, „Вонземјани јадат тавче гравче“ и „Македонски астронаути на месечината“. Ова се само некои од речениците кои ги искористивме за да генерираме навидум реалистични слики со помош на вештачка интелигенција. Преку алатката „DALL·E 2“ која од неодамна е достапна за пошироката јавност, корисниците можат да вметнат речиси било што од нивната имагинација, а вештачката интелигенција истото да го генерира преку слика.
„Ја отстрануваме листата на чекање за бета верзијата на ‘DALL·E’, за корисниците да можат да се регистрираат и веднаш да почнат да ја користат. Повеќе од 1.5 милиони корисници сега активно создаваат над 2 милиони слики дневно со ‘DALL·E’ – од уметници и креативни директори до автори и архитекти – со над 100.000 корисници кои ги споделуваат своите креации и фидбек преку нашата заедница на Дискорд“, пишува во соопштението за јавноста на „DALL·E 2“ објавено на крајот на септември.
„DALL-E 2“ е наследник на „DALL-E“ кој генерира пореални слики со повисоки резолуции кои „може да комбинираат концепти, атрибути и стилови“. Инаку, „DALL-E 2“ претставува модел за машинско учење за генерирање дигитални слики од описи на природни јазици, развиен од истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција „OpenAI“ .
Во прилог погледнете ги сликите кои ги генериравме.