Њујорк Тајмс, која ги има правата на „Вордл“ се здружува со компанијата Хасбро за да направат друштвена игра инспирирана од оваа популарна онлајн игра со зборови.
Играта ќе се вика „Вордл: Игра за забава“ и според креаторите ќе понуди „класичен Вордл но на сосема поинаков начин“.
„Она што го привлече нашиот интерес беше тоа колку многу забава имаа луѓето кога ги објавуваа резултатите на социјални мрежи. Тогаш знаевме дека има нешто посебно околу тоа“, изјавил директорот на Хасбро, Адам Бил.
„Вордле: Игра за забава“ е една од најбрзите промоции на игра од компанијата, бидејќи на тимот им требало помалку од една година за да ја создадат. Новата игра се додава на поп-културното портфолио на Хасбро во кои се вклучени и „Монопол“ изданијата базирани на сериите „Бриџертон“ (Bridgerton) и „Чудни нешта“ (Stranger Things)
Компанијата направила повеќе верзии од играта пред да падне одлука на една која ќе биде промовирана во јавноста.
Правилата на „Водл: Игра за забава“ ја задржуваат препознатливоста на оригиналната онлајн игра – секој од играчите ќе има шест шанси да погодат збор од пет букви низ помош претставена преку обоени коцки (жолта боја доколку буквата е во зборот, но на погрешно место, или зелена доколку буквата е на точно место).
Играта ќе има четири верзии – брза, на време, тимска или класична. Класичната верзија ќе ги спротивстави играчите еден против друг во обидите да го погодат зборот даден од „Вордл домаќинот“. Врзијата базирана на време или брзата варијанта ќе бидат ограничени со одреден временски период во кој играчите треба да го решат зборот, додека тимската верзија е веројатно најразлична од оригиналната игра – со тоа што играта ќе ја играат двајца на двајца.