Во Младинскиот културен центар на 14 декември ќе се одржува четвртото издание на фестивалот „Востание“.
За фестивалот се најавени европските хардкор легенди „Born from pain“, белградскиот состав „Violent chapter“, скопските панк-рокери „Флукс“ и емо-скримо-хардкор составот „You“, потоа битолчаните „Against them all“ и мелодичниот дет-треш состав „Triggered“ од Куманово.
Вратите за фестивал ќе бидат отворени од 18:30, а почетокот е од 19 часот.
Билети во претпродажба на билетара во МКЦ по цена од 350 денари. На ден на концерт е 450 денари.