Вработени од прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ најавија дека денеска ќе постават шатори пред Владата и ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени заостанатите плати и придонеси.
Нивните протести во Скопје веќе се започнати пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, а според најавите треба да продолжат пред Собранието, а потоа и пред Владата.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера изјави дека Владата во следните пет до шест месеци ќе го реши проблемот, најавувајќи и дека вработентите во Еурокомпозит ќе ги добијат засотанатите плати.
Вработените на „Еурокомпозит“ вчера во протест го блокираа патот Прилеп- Градско и побараа средба со Премиерот Зоран Заев.