Тим вработени во Твитер во канцеларијата се собраа заедно и го снимаа моментот пред да бидат отпуштени од работа.
На видеото што го објави „Индипендент“ вработените се собираат во канцеларијата во Бостон и заедно ги одбројуваат секундите пред да добијат отказ.
„За кратко сите ќе бидеме отпуштени од Твитер, јас бев овде девет години и девет месеци“, вели Мет Милер, еден од вработените додека стојат и одбројуваат со колегите.
Внатрешната криза во Твитер започна откако новиот сопственик Илон Маск им постави ултиматум на вработените да потпишат дека ќе работат подолго време и поинтензивно или да дадат отказ. По ова, стотици вработени волонтерски го напуштија работното место, а голем број добија и откази.