Вработените од Фабриката за шински возила „Колска“ од утрово протестираат пред Владата со цел да го изразат незадоволството од состојбата во која се наоѓа фабриката и нивната егзистенција, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Протестот пред Владата доаѓа откако вчера вработените од „Колска“ го блокираа железничкиот сообраќај три часа бидејќи не им беше дозволено без билет да патуваат за Скопје, каде требаше да одржат протест.
„Вработените предупредуваат дека иако бараат да работат, а не им се дозволува да работат, во моментот во работилницата на ‘Колска’ има 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат направени до Нова година што е доведена во опасност понатамошната работа на претпријатието“, велат од ССМ.
Фабриката е единствена со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Македонски железници, посочуваат од ССМ и додаваат дека преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Македонски железници.
Претседателот на фабричкиот синдикат на ССМ Тони Арсовски за Радио МОФ вчера посочи дека тие покрај тоа што бараат да се најде модел за да се решат проблемите со фабриката, тие бараат и да се одблокира сметката на нивната фабрика, односно да се стави долгот на фабриката во мирување.
Вработени во фабриката „Колска“ утрово три часа го блокираа железничкиот сообраќај во Македонија