Повеќе од 2.500 вработени ќе го изразат незадоволството од висината нивните плати, кои во просек изнесуваат околу 25.000 денари. Тие бараат зголемување за 78 проценти, колку што изнесуваше зголемувањето на платите на избраните и именуваните функционери, пренесува Мета.
Вработените во обвинителствата ќе започнат со штрајк идната среда, на 27 септември, а два дена подоцна ќе им се придружат и колегите од судовите, најавија на денешната прес-конференција претставниците на Синдикатот на сојузот на Македонија и Синдикатот на УПОЗ.
Со ова, повеќе од 2.500 вработени ќе го изразат незадоволството од висината нивните плати, кои во просек изнесуваат околу 25.000 денари. Тие бараат зголемување за 78 проценти, колку што впрочем изнесуваше и зголемувањето на платите на избраните и именуваните функционери. Синдикатот на УПОЗ најави дека ќе се штрајкува сè до исполнување на поставените услови, а ќе се работи само на итни случаи.
Од УПОЗ велат дека и вработените во Државното правобранителство, Управата за заштита на културно наследство и во Фондот за здравствено осигурување можно е да стапат во штрајк.
Според УПОЗ, избраните и именувани функционери заклучно со март следната година ќе добијат уште 12 отсто повисоки плати, што значи дека за една година ќе имаат двојно повисока плата, за разлика од останатите вработени кои ќе добијат 10 до 12 отсто.
„Министерството за правда и судовите не прифаќаат преговори и ние одлучивме да штрајкуваме. На 27 септември први излегуваат вработените во обвинителствата, а на 29 ќе им се придружат и вработените во судовите. Барањата се исти, зголемување на платите од најмалку 30 отсто до најмногу 78 отсто и редовна исплата на додатоците на плати. Ќе се штрајкува до исполнување на барањата“, рече претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.
Од Сојузот на синдикати на Македонија побараа да нема политички борби на расправата за законите со кои ќе се обезбедат средства за зголемување од 10 отсто повисоки плати за вработените во јавниот сектор и дека чекаат одговор на иницијативата доставена до пратениците за укинување на зголемувањето на платите на избраните и именуваните функционери.