Враќање во училиште со втората сезона на EU Youth Cinema: Green Deal

Проектот EU Youth Cinema: Green Deal оваа есен влегува во својата втора фаза, со нова стриминг платформа и со проширен избор на современи европски филмови фокусирани на животната средина, водата и одржливоста и вклучување на дополнителни партнерски земји.

Платформата содржи внимателно избрана колекција од над 50 европски филмови, дополнети со посети на кино, современи наставни материјали, работилници и дискусии. Ова целогодишна едукативна програма е особено насочена кон адресирање на еколошките предизвици за младите, промовирање зелени навики и поттикнување на поздрав, поодржлив начин на живот.

„Cineplexx International е застапен во единаесет од дванаесетте земји и придонесува за успехот на овој високо иновативен проект со својата релевантна кино експертиза, приспособени маркетинг мерки и првокласна инфраструктура. Исто така, оваа соработка ја сметаме како одлична можност да помогнеме во воспоставување на зелено училишно кино во 33 европски градови кои моментално се прикажуваат, од Виена и Салцбург до Скопје, Тирана, Сплит и Солун, како место каде што може да се одвива дијалог ориентиран кон иднината меѓу генерациите, размена на знаење, искуства и еколошки практики“, вели Кристоф Папоусек, финансиски директор и ко-сопственик на Cineplexx International, вклучен како ексклузивен кино партнер во 11 земји.

„Vienna Insurance Group“ (VIG) со својот локален бренд WINNER LIFE Осигурување и МАКЕДОНИЈА осигурување организира настани во кино со бесплатен влез за сите регистрирани училишни одделенија во Cineplexx Скопје, почнувајќи од следната недела (19 септември) со филмот „INTO THE ICE“ по повод Европската недела на мобилност.

Од филмот „La Buena Vida“

„Покрај повторното пуштање во употреба на стриминг платформата, нови европски документарци ќе бидат постојано вклучувани во програмата. Филмската програма, исто така, ќе се усогласи со кампањата #WaterwiseEU на ЕУ, лансирана во мај, која се фокусира на издржливост на водните ресурси и подигнување на свеста за важноста на водата како витален ресурс“, велат од проектот.

Дел од избраните филмови се:

„INTO THE ICE“ (2022): Германско-дански документарец од Ларс Остенфелд, кој ги
следи тројца водечки истражувачи на глечери длабоко во ледениот слој на Гренланд.

„UNTIL THE LAST DROP“ (2023): Полски документарец од Ева Еварт, кој ги прикажува
тешките услови на европските реки и извонредните напори на активистите за нивна
заштита.

„LAKE OF APPLES“: Краток филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуциран во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации, кој го истакнува уништувањето и обновувањето на регионалните екосистеми, како што е Преспанското
Езеро во Северна Македонија, Албанија и Грција.

Други истакнати филмови кои се дел од програмата се „TIME FOR UTOPIAN IDEAS“ (2018), „START UP FOR A REASON“ (2022), „ACTIVIST“ и „LA BUENA VIDA“ (2015).

EU Youth Cinema: Green Deal нуди избор на филмови и мултимедијална содржина достапна без регистрација за глобалната публика. Секој, од било каде, може да ги истражи неверојатните европски филмови и да почне еколошко патување со посета на www.euyc.green.

Втората едиција на EU Youth Cinema: Green Deal е организирана од LET’S CEE Film festival (Австрија), EPEKA (Словенија), Go Green (Северна Македонија), Innovation Generation (Украина) и Chapter 4 Communications (ЦИЕ/ЈИЕ). Проектот првенствено е финансиран од Creative Europe, Австриското сојузно министерство за климатска акција, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија и Vienna Insurance Group (ВИГ) со своите локални брендови, вклучувајќи го WINNER LIFE Осигурување и МАКЕДОНИЈА осигурување.

Дополнителна значајна поддршка е обезбедена од Здружението за заштита на авторските права на аудиовизуелните медиуми и Cineplexx, ексклузивниот кино партнер во 11 земји и 33 градови.