Првото издание на планинскиот маратон Водно-Матка е закажано за 25 март , а вториот рок за пријавување истекува на 11 март.
Пријавувањето ќе може да се направи до почетокот на трката, сепак, оние кои сакаат да добијат брендиран подарок, тогаш ќе мора да го потврдат присуството до крајот од оваа недела.
Трката е отворена за сите љубители на планината и движењето, а патеките минуваат низ едни од најинтересните делови и погледи на пределот како и бројните културно-историски локалитети во околината – вкупно 7 цркви и манастири, покрај реката Треска и езерото Матка, селото Горно Нерези итн.
Повеќе информации може да пронајдете на веб-сајтот vodnomatka.mk.