Со блокада на патот Тетово – Попова Шапка кај жичарницата на излезот од градот, иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ по вторпат го искажа своето незадоволство од состојбите во зимскиот центар и управувањето со него од страна на ЕЛЕМ.
Велат дека поради лошото менаџирање на ЕЛЕМ, 25 милиони евра од даноците на граѓаните завршиле на непозната адреса, а загубата поради нефункционалноста е многу повеќе.
Од иницијативата им укажаа на инвеститорите, сопствениците и жителите на селата во околината на Попова Шапка да се информираат за нивните права и бидејќи како што посочија, од пред два дена е отворена јавна анкета во општина Тетово за деталниот урбанистички план за овој дел од општината.
Фото: InfoMagazin